top of page
Mother teaches child girl daughter ride two-wheeled bicycle. happy family. mother teaches

Ти си уникатна и оригинална личност.  За да го испочитувам тоа, програмата ја развивам околу твоите специфични потреби, земајќи ги предвид сите потенцијални влијанија на твоите избори кои те довеле каде што си сега (биологија, емоции, гени, минати искуства, семејство, социјално опкружување).

Како стратешки инструктор, тука сум да ти помогнам да:

  • разбереш јасно ШТО сакаш (твојата поента)

  • разбереш ЗОШТО го сакаш тоа

  • развиеш и спроведеш ПЛАН со кој ќе стигнеш од каде си до каде што сакаш да бидеш

​​Можеби веќе си заклучил/а логички што сакаш и што треба да смениш за да го добиеш тоа што го сакаш - да најдеш нова работа, да си заминеш од некоја токсична врска, да ги сопреш нездравите навики. Можеби и си успеал/а да ја воведеш промената некое време, но набрзо со се вратил/а кон старите навики. 

Не се грижи, во човечката природа е да се вратиме кон она што ни е познато и удобно. Многу луѓе посакуваат промени, но ретко кој е подготвен да се менува. Едноставно бидејќи при даден избор помеѓу помалку болка и повеќе задоволство, луѓето секогаш ќе ја изберат опцијата која нуди помалку болка.

Да не ме разбереш погрешно, не сум тука да ти кажам дека процесот ќе биде безболен. Напротив, ќе бара работа, посветеност и дисциплина. Но, овој пат ќе биде поразлично; МЕ ИМАШ МЕНЕ.  Неуморно ќе се бoрам да си го испoлниш ветувањето и постојано ќе бидам тука за тебе. Никогаш нема да се откажам. Освен од пушењето. Ама и од тоа не се откажав, туку едноставно донесов свесна одлука да престанам.

Нека ти бидам ПОМОШНИ ТРКАЛА додека се осигураш дека можеш САМОСТОЈНО да возиш по твојот свесно избран курс.

Green_And_Dry_4_edited_edited_edited.jpg

Стратешка интервенција 

Стратешката интервенција се фокусира на хуманизам и почитување на моќта на личен избор. Не си предмет кој е моделиран и предусловен од некои надворешни сили - независно од ситуацијата и околностите, секогаш имаш слобода на избор. Секогаш постојат опции, алтернативни патишта и различни перспективи на било кој предизвик, само треба да бидеш отворен за можностите. 

Но, со слободата на избор, доаѓа и целосната одговорност за последиците од направениот избор. Едно е да речеш дека си донел/а одлука за промена. Но, за да постигнеш трајна промена, мораш да продолжиш да ја носиш таа одлука, секој ден. Сите активности,  сите избори, треба да ги правиш во насока на и согласност со таа одлука. 

Имаш обврска да бидеш тука за себе. Чекор по чекор, конзистентно, секој ден, се додека не се претвори во твоја здрава навика и едноставно твој начин на живеење.

Мисија

Позитивно да поттикнувам индивидуи да ја прифатат својата автентичност, да развијат самодоверба и храброст за да ја користат својата слобода на личен ибор, да преземат одговорност за личните избори, и конечно да постигнат чувство на професионална и лична исполнетост. 

Визија

Се стремам кон иднина каде што поединците ќе ја прифатат нивната заедничка хуманост, вреднувајќи ја автентичноста и добрината. Во оваа иднина, преку емпатијата и одговорноста како водилка за нашите постапки, ќе ги премостуваме разликите, и ќе создадеме глобална заедница која ги прифаќа различностите, ги почитува индивидуалните искуства и работи заеднички за општата благосостојба.

bottom of page