top of page

Тренирање на корпоративни професионалци и индивидуалци во реоткривање на својата пасија, причина за делување и радост

​​Дали се чувствуваш преморено, преоптоварено, демотивирано?

Дали се чувствуваш неисполнето и  незадоволно, дури и кога постигнуваш најголеми успеси?

Дали се чувствуваш заглавен во маѓепсан круг на проекти, задачи и рокови, по кои ветуваш дека конечно ќе направш промена, но тоа никако да се случи?

Дали се чувствуваш дека се враќаш на старите навики, кои се лоши за твоето здравје и добробит?

Дали се чувствуваш како да постојано стоиш на ред чекајќи животот да ти почне?

Дали чувствуваш дека ова мора да се промени?

низ вашите очи

"Кога се најдов на една животна раскрсница, размислувајќи да ја напуштам работата во ТВ станица каде поминав преку 15 години, Ивана беше една од малкуте луѓе која ме поттикна да се тргнам од мојата таканаречена „зона на комоција“ и да ја согледам оваа промена како ново животно поглавје, наместо ризик. Нејзиниот совет беше прониклив, но и многу практичен. Таа ми даде лесно спроведливи насоки и специфични стратегии за директно надминување на најголемите предизвици, помагајќи ми со леснотија да движам низ оваа застрашувачка транзиција. Благодарение на нејзината поддршка, наскоро најдов нова работа која совршено одговара на моите кариерни цели и лични вредности. 

Дополнително на нејзината професионална експертиза, Ивана како личност е навистина исклучителна. Низ нашето пријателство, кое започна пред речиси цели 30 години, таа беше бестрашен борец за еден подобар свет. Таа е прекрасна, дарежлива и нежна душа, која дава бескрајна поддршка на нејзините сакани. Ивана спојува длабоко, филозовско размислување со практични совети, неверојатна смисла за хумор, оригиналност и конструктивна критика насочени кон поттикнување на луѓето да станат подобра верзија од себе си. Ивана Лекиќ е вистински скапоцен камен, и јас со сето срце ја препорачувам како ментор за секој кој бара животен или кариерен тренер. Многу сум и благодарна за сето позитивно влијание што го имала во мојот живот и животите на многу други луѓе."

Маја Стојаноска Филдишев

„Ивана е исклучителна личност, професионалец со високоразвиена емотивна интелигенција и освежувачки прагматичен начин на советување за личен развој. Таа значително придонесе за мојот личен и професионален раст, просветлувајќи ме преку различни алатки и давајќи ми ја потребната помош. На светот навистина му се потребни повеќе луѓе како неа. Искрено ја препорачувам Ивана како советник за сите кои минуваат низ тежок период во животот исполнет со предизвици.“

Ана Тодоровска

„Ивана помага и инспирира ненаметливо со начинот на кој живее, зборува, се смее и ги прифаќа луѓето. Убаво е да се сведочи жена која длабоко се има спознаено себе си и е слободна. Нејзината умешност да ги гледа нештата објективно, да ги прочисти од сите наметнати проблеми и на едноставен начин да стигне  до решението, е дарба која треба да ја сподели со светот.“

Ели Боцевска Груеска

„Ивана ми го збогати животот со нејзината смелост и решителност, отвореност и искреност, што е реткост кај луѓето денес. Таа чувствува длабоко и е вистински борец! Ми беше огромно задоволство да работиме заедно во невладината организација Бизнис Без Граници. Таа беше и е секогаш тука да ја ислуша мојата страна и да понуди нова, свежа перспектива. Ивана до ден денес е мојот најдоверлив партнер. Многу ме радува што го започнува ова ново патување низ кое ќе ги сподели својот дух и видување со луѓето кои во неа ќе најдат советник, но и човек кому можат вистински да се доверат.“

Оливера Аритоноска

„Првин ја запознав Ивана пофесионално, но нејзината внатрешна светлина ме допре уште при првата средба. Нејзината емотивна интелегенција и зрелост се толку длабоки, што се чини дека е години, дури и децении постара од нејзините врсници. Нејзиниата добрина, издржливост и разбирање на човечките односи ми имаат помогнато во некои од моите најтешки периоди и ја направило мој животен пријател. Со уникатната комбинација на нејзиното искуство во бизнисот и нејзината емотивна поддршка, Ивана постепено ќе ве води кон професионалниот и личниот развој.“

 

Ана Геогијевска

„Исклучителната емотивна интелигенција на Ивана е надополнета со нејзиното длабоко и грижливо разбирање на човечките односи. Со силна основа во бизнис светот, таа нуди уникатна перспектива во нејзиното советување, обезбедувајќи практични и стратешки насоки. Но, советувањето на Ивана се проширува над професионалните рамки, правејќи ја доверлив човек и за личен развој. Таа ми помогна да почнам да верувам во себе си и моите способности. Од се срце ја препорачувам Ивана за секој кој бара насочување во нивниот животен пат кој развој и успех.“

Кристијан Алексоски

bottom of page